Современ стан од 170м2 на располагање за изнајмување во Црниче.
Луксузен стан се наоѓа на вториот спрат, со вкупно пет ката, секој кат има посебен стан.
Станот има дневна соба, кујна и трпејзна зона, три спални соби, две бањи, одделен тоалет за гости и тераса со поглед кон градот.
Грењето е регулирано преку електрично греење и инвертер клима уреди.
Расположиво паркинг место.